Реклама

Ахмети повторно се „разбуди“ со веќе видено сценарио: Разгорување национализам и блокирање на државата

Голем пожар се приближува до градот Мегара во близина на Атина, засега има пет загинати

Не се заборавени традициите и историските вредности: Државнички илинденски пораки на Мицкоски и Сиљановска Давкова

Продолжен викенд, годишни одмори, жештина- Скопје за Илинден изгледаше како град на духови

Во Македонија засега е стабилно: Дневно има по 20-тина пожари, но сите се под контрола поради итните интервенции

Гостивар и понатаму без вода за пиење: Не се постигнуваат три последователни исправни лабораториски анализи

Мицкоски со порака до политичките ривали: Никогаш нема да се откажам од борбата да ја направиме Македонија подобро место за живеење- наш дом и наша иднина

Силјановска Давкова: Никој не ни ја подарил слободата, затоа никој нема право да ни ја ревидира историјата

Николоски од Крушево: Историската борба за државност денес ја продолжуваме со развој и инвестиции

Секоја генерација има свој Илинден: Нашата има обврска да ја зачува душата, да се избори за човековиот дух

ЦУК: Заклучно со 13 часот на територијата на државата се регистрирани 13 пожари

Кризна состојба поради зголемена опасност од пожари

Македонија

Гостивар и понатаму без вода за пиење: Не се постигнуваат три последователни исправни лабораториски анализи

Во екот на пеколните горештини, Гостивар сè уште е без вода за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во екот на пеколните горештини, Гостивар сè уште е без вода за пиење. Од чешмите во домовите на гостиварци тече вода што не смее да се пие. Може да се користи само за технички потреби – за бањање, перење и миење садови.

Граѓаните речиси дваесетина дена ја гаснат жедта со флаширана вода, која секојдневно ја подигаат од пунктовите каде што се донира, или се приморани сами да си ја купуваат.

И додека гостиварци очекуваат исправна вода за пиење и готвење, надлежните интензивно вршат хиперхлорирање на водоводниот систем и секојдневно земаат мостри за анализа. Но никако да се постигнат три последователни испитувања кои ќе покажат дека водата е безбедна и може да се пие.

Реклама

Од Кризниот штаб велат дека последните информации покажуваат дека во водата сè уште се присутни бактерии. Иако не станува збор за фекални бактерии, тие ја прават водата небезбедна за употреба како вода за пиење.

Здравствените власти информираат дека епидемиолошката состојба во градот е стабилна. Намален е бројот на луѓе кои побарале лекарска помош.

„Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа регистрирани вкупно 649 прегледи“, велат од Министерството за здравство.

По бактериската епидемија во Гостивар, епидемиолозите предупредуваат дека следува бран на вирусни инфекции, меѓу нив и жолтица. Тие апелираат граѓаните да бидат внимателни при појава на симптоми како силен замор, гадење, покачена температура, темна урина или пожолтување на кожата и очите.

„Се гледа дека епидемијата во бактерискиот дел е при крај. Прво, секогаш манифестациите на симптомите доаѓаат од бактериите, бидејќи тие имаат многу кратка инкубација и симптоматологијата е многу бурна. Сега треба да очекуваме дека, покрај ова, ќе имаме и вирусен дел. Можна е појава на жолтица и тоа треба да се очекува, затоа што нејзината инкубација трае од 30 дена до два месеци“, вели д-р Сашо Олумчев, епидемиолог.

Според премиерот Христијан Мицкоски, властите прават сè што е во нивна надлежност и Гостивар е на чекор да добие бактериолошки исправна вода за пиење. Според него, процесот е во завршна фаза, а многу наскоро граѓаните ќе можат без страв да ја пијат водата директно од чешма.

Проблемот што со години беше секојдневие за илјадници семејства, според надлежните, конечно треба да стане минато. Доколку најавите се исполнат, Гостивар по долг период ќе добие трајно решение за еден од најголемите комунални проблеми во градот.