Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто во споредба на претходната пресметка.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95  е 73,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 75,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 68, а Екстра лесното масло за горење ЕЛ-1) за 67,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,010 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 36,057 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување  кај бензините во просек за 1,990 отсто, кај дизелот за 4,345, кај екстра лесното масло за 3,773 и кај мазутот за 0,554% отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,3996 отсто во споредба со претходната пресметка.