Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Ѓорѓиевски: Власта ќе се справи со аномалиите во јавните установи, граѓаните можат да бидат спокојни

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, изјави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека трагедијата не требаше да биде услов за започнување на вонредни инспекции, бидејќи редовните проверки се спроведуваат годишно. Тој увери дека јавните установи се безбедни, а на локациите со аномалии ќе следи итно постапување. Ѓорѓиевски исто така предложи законски измени кои ќе обезбедат редовни инспекции како обврска, најмалку еднаш или двапати годишно, наместо да зависат од индивидуалната одговорност на градоначалниците или инспекциите.

Ѓорѓиевски нагласи дека редовните инспекции се реализираат секоја година, а во општина Кисела Вода сите потребни проверки се спроведени согласно утврдената пракса.

„Дали требаше да се случи оваа трагедија за да започнеме со вонредни инспекции? Често го поставувам тоа прашање и имам документација која го потврдува тоа, особено за мојата општина, со редовните проверки што ги правиме секоја година“, изјави Ѓорѓиевски.

Реклама

Тој додаде дека, иако повеќето општини редовно спроведуваат инспекции, постојат исклучоци. Сепак, поради актуелната ситуација, започнат е процес на вонредни инспекции, со фокус на јавните објекти, што е оправдано поради паниката што се создаде кај граѓаните, особено во однос на безбедноста на децата.

„Ретко се случува да нема редовни контроли во општините. Иако некои општини не ги спровеле инспекциите во минатото, сега сме во процес на вонредни проверки, со акцент на јавните објекти, бидејќи логично е да се создаде паника кај граѓаните. Не секој ќе биде спокоен да го испрати своето дете во училиште, градинка или друг јавен објект“, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски увери дека сите јавни објекти веќе биле подложени на инспекции и побарал записници од градоначалниците за извршените проверки. Тој нагласи дека граѓаните не треба да се грижат за безбедноста во јавните установи и дека ќе се преземат итни мерки на локациите со утврдени аномалии.

„Сите јавни објекти веќе се инспектирани. Од градоначалниците побаравме записници за извршените проверки и утврдената состојба. Граѓаните можат да бидат сигурни дека нивните деца учат во безбедни јавни установи. На локациите каде што ќе се утврдат аномалии, ќе следи итно постапување“, рече Ѓорѓиевски.

Тој ја нагласи потребата од законски измени кои ќе обезбедат редовни инспекции во јавните установи, наместо да зависат од индивидуалната одговорност на градоначалниците. Според него, ваквите проверки треба да се вршат најмалку еднаш или двапати годишно.

„Ние треба да се фокусираме на тоа да се направат законски измени, така што редовните инспекции ќе бидат обврска, а не само индивидуална одговорност на градоначалниците. Тие проверки треба да се спроведуваат најмалку еднаш годишно или двапати во годината“, заклучи Ѓорѓиевски.