Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје се чисти за 72 часа, колку и тоа да не изгледа остварливо за поединци

Кандидатот за градоначалник за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека градот Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека градот Скопје за 72 часа ќе биде исчистен колку и тоа да звучи и изгледа неостварливо.

Одговорно тврдам и стојам зад тоа дека за 72 часа ќе го исчистам градот, колку и тоа да не изгледа остварливо за поединци или да не сакаат да им изгледа тоа остварливо, вели кандидатот за градоначалник за град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Од надмудрувања граѓаните во 21 век немаат основни хумани услови за живот, тоа нема да го дозволам јас во мојот мандат. Во Кисела Вода можете да ги прошетате сите населби, последната инвестиција ни е водоводна мрежа во населено место Стаклара каде претходно направив канализација, секаде каде недостасуваше подземна инфраструктура ја решив, нема населено место без вода за пиење и без подземна инсталација. Што подразбира тоа, 30 години требало да поминат за да дојдам јас и да го завршам тој процес“.

Реклама

Ѓорѓиевски истакна дека во план е набавка на 50 камиони за чистење отпад, 30 машини за перење на улиците како и 1.000 луѓе коишто ќе бидат приклучени во самиот процес на чистење.

– Јас кога ќе влезам во градот Скопје ќе видите какви непродуктивни трошоци имало изминатите четири години, за првите 72 часа она што граѓаните треба да го очекуваат е да има околу 50 камиони за чистење на отпад, триесетина машини за перење на улиците и околу 1.000 луѓе коишто ќе бидат приклучени во процесот. Многу ми е едноставно во оваа кампања аргументирано да говорам затоа што имам нешто сработено позади себе, а тоа нешто е многу сериозен успех за се што сме постигнале четири години во Кисела Вода, еден од тие успеси е транспарентноста“, дециден е Ѓорѓиевски.