Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје – град партнер и поддршка на лицата со инвалидитет!

Скопје – град партнер и поддршка на лицата со инвалидитет! Денес заедно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје – град партнер и поддршка на лицата со инвалидитет! Денес заедно со идниот градоначалник на Аеродром, Дејан Митески, пратеничката Катерина Димитровска и носителот на листата за советници во Аеродром, Елена Тренчевска, остваривме искрена и топла средба со Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Скопје, наведува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.

Грижата за лицата со попреченост за мене е човечка и морална должност, а потоа и обврска како градоначалник. Таа грижа е високо на мојата листа на приоритети, бидејќи едно општество вреди онолку колку што се грижи за оние на кои поддршката им е најпотребна. Како градска власт, ќе направиме сѐ за да обезбедиме подобар живот, еднаков третман и целосна социјална и образовна инклузија.

Во мојата програма предвидени се конкретни мерки за подобрување на условите за лицата со попреченост, но и покренување на поширока иницијатива, заедно со сите градоначалници да поставиме пристапни рампи и решенија кои ќе овозможат еднаков пристап за секој граѓанин.

Реклама

Скопје мора да биде град на еднакви можности, град во кој никој нема да биде изоставен.
Затоа што силата на еден град се гледа во неговата хуманост.