Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Ѓорѓиевски на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина: Заедно создаваме одржлива иднина

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, на покана на првиот вицепремиер Изет Меџити, денес присуствуваше на настан по повод Светскиот ден на животната средина. Настанот се одржа под мотото „Заедно создаваме одржлива иднина“ и опфати низа активности насочени кон унапредување на одржливите политики и практики во заштитата на животната средина.

-Денес, на покана на првиот вицепремиер Изет Меџити, присуствував на настанот на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина, под наслов ,,Заедно создаваме одржлива иднина”. Програмата вклучуваше конференција со две панел-дискусии кои беа фокусирани на одржливото управување со заштитени подрачја, одржливото управување со отпадот и примената на современите зелени технологии.

Имавме чест да видиме и неколку презентации од учениците од Скопје и Македонија, кои се дел на ГЛОБЕ програмата со мрежата за искуствено учење, со акцент на значењето на искуственото еколошко образование во оформување на свесни и одговорни генерации поддржано од УНИЦЕФ и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Реклама

Нека заштитата и унапредувањето на животната средина и понатаму останат да бидат врвен приоритет, кој ќе резултира со нови парковски површини на места каде што постојат депонии, со акции за чистење и за пошумување, со едукација за правилна селекција и одложување на отпадот и бројни иницијативи за подигнување на еколошката свест кај граѓаните. Заедно можеме-истакна претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.