Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Прилози

Ѓорѓиевски ќе креира нов буџет на Скопје во консултација со граѓаните

Градската каса ќе се креира по мерка на граѓаните. Градоначалникот на Скопје,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градската каса ќе се креира по мерка на граѓаните. Градоначалникот на Скопје, Ѓеорѓиевски, упати јавен повик до сите житечи на метрополата, јавниот сектор и бизнис заедницата активно да се вклучат со свои предлози, идеи или забелешки во модернизирањето и развојот на главниот град. Транспарентноста и отчетноста ќе бидат водечки принципи според кои ќе се води таткото на градот.

„Годинава го отвораме процесот на планирање на буџетот за 2026 година заедно со вас – жителите на Скопје, невладиниот сектор, бизнис заедницата и сите кои сакаат да придонесат за поуредено и пофункционално Скопје. Ова е моментот кога секој може да влијае со конкретна идеја, предлог или забелешка. Верувам дека токму со ова отворено партнерство ќе создадеме стабилна основа за долгорочен развој и силно, достоинствено Скопје“, изјави Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на град Скопје.

Од Град Скопје велат дека буџетот ќе се темели на реалните потреби на граѓаните и ќе биде со визија за модерно и функционално Скопје.  Со новиот буџет треба да се обезбедат средства за почнување на нови проекти, но и откочување на некои што се заглавени со години. Пари ќе има за приоритетните капитални проекти кои Градот веќе ги најави, како што е клучката кај Момин поток, за решавање на сообраќајниот хаос во тој дел од метрополата, но и пуштање во функција на двата нови моста на реката Вардар, едниот во Карпош и другиот меѓу Аеродром и Гази Баба. Ќе бидат обезбедени средства за модерна инфраструктура, култура, спорт, зелени површини и проекти за подобрување на квалитетот на животот.

Реклама

Досега се собрани голем број конструктивни предлози, но процесот останува целосно отворен и за нови идеи. Откако ја презеде градската фотелја од Арсовска, Ѓорѓиевски објави дека вкупниот долг на градот надминува над 300 милиони евра, но нагласи дека со добра организација и домаќинско работење може да изгради метропола со која сите скопјани ќе се гордеат. Буџетот за 2025 година изнесуваше 140 милиони евра, а колку ќе тежи новиот допрва ќе се знае.