Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Ѓорѓиевски: БРТ и градски воз, проекти коишто ќе ги решат проблемите со јавниот превоз и сообраќајниот хаос во Град Скопје

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, им порача на граѓаните дека функцијата градоначалник на Град Скопје ќе ја извршува транспарентно, со преземање на чекори исклучиво во насока на заштита на интересот на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

„За 72 часа, мојот план е да целата механизација од градот Скопје, соработка со општините, но и бизнис заедницата односно општествено одговорни компании и граѓаните сами, да започнеме една темелна активност којашто сум убеден дека за 72 часа ќе завршиме, да го дадеме сјајот на Скопје“, рече Ѓорѓиевски.

Ѓоргиевски се осврна и на решенијата кои тој ги нуди во неговата програма, а се во насока на решавање на проблемот со јавниот превоз и сообраќајниот хаос во градот, при што ги посочи и два проекти како решение за надминување на овие проблеми и тоа градскиот воз и БРТ проектот кој во неговата програма е ревидиран согласно недостатоците во претходно замислениот проект.

Реклама

„Сум споменувал за одредени недостатоци, а  тоа е линијата према Радишани којашто недостасува во проектот и линијата којашто не го опфаќа Драчево, треба брзо да делуваме да ги отстраниме тие недостатоци и да влеземе во реализација, но тоа не го решава целосно проблемот, нас ни недостасуваат автобуси и нас ни недостасува реализација на она што го започнува Министерството за транспорт, а тоа е воз“, рече Ѓорѓиевски и дополни како е замислено да функционира проектот градски воз во Скопје.

„Надоградба ќе има, во 3 фази е. Првата фаза е поврзувањето и модернизација на пругата Зелениково-Ѓорче Петров, по истата траса. Втората фаза е опфат до Аеродром- Петровец преку Миладиновци и дополнително еден крак којшто ќе води до Карпош. Тоа е инвестиција од Министерството за транспорт, која што логистички ќе ја поддржиме ние целосно како Град Скопје и ќе се приклучиме во реализација на проектот. Суштината е дека ние на граѓаните мораме да им дадеме ефикасни алтернативи надвор од возилата коишто ги користат. Нам не ни е доволно само со автобуски превоз за да го решиме хаосот којшто владее во Скопје години наназад, метро е прескапа инвестиција и не можеме да си го дозволиме тоа. Трасата ќе се користи којашто во минатото се користела до Стара Железничка станица така што апсолутно изводливо е, по ГУП тоа се целосно празни траси коишто ќе може да се употребат за истото“, заврши Ѓорѓиевски.

На крај Ѓорѓиевски ги повика граѓаните да излезат и да гласаат во недела, да му ја дадат поддршката за неговиот избор да биде финализиран уште во недела, за да се започне со решавање на проблемите во Град Скопје час поскоро.