Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Голем интерес за судењето за пожарот во „Пулс“ – 35 домашни и странски медиуми ќе го следат процесот

Најмалку 28 домашни и седум странски медиуми ќе го следат судењето за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмалку 28 домашни и седум странски медиуми ќе го следат судењето за пожарот во кочансккото кабаре „Пулс“. Врховниот суд досега има издадено 35 решенија за снимање и следење на главната расправа во која на обвинителна клупа седнуваат 35-мина, а обвинети се и три фирми. Странските медиумски куќи претежно се од Бугарија и Турција, а интерес има и од меѓународни агенции со претставништво во Скопје. Од Кривичниот суд велат дека салата е целосно подготвена со дополнителна аудио-опрема, а безбедноста ќе биде на највисоко ниво.

„Побарано е Здравствениот дом Скопје да има медицинска екипа во близина на судницата, доколку треба да се интервенира. Како што кажавме на брифингот, се работи за судење какво што никогаш не било организирано ниту во земјата ниту во регионот, така што предизвици и проблеми ќе има, но ќе се направат сите напори за итно да се решаваат, а судењето да не се одолговлекува од аспект на судот“, велат од Кривичен суд.

За спроведувањето на обвинетите се задолжени затворите и полицијата. Од Министерството за внатрешни работи велат дека се целосно подготвени за сите задачи кои ќе им ги зададе судот во однос на возила и полициски службеници.

Реклама

„Министерството за внатрешни работи целосно е подготвено за ефикасно извршување на сите задачи и обврски согласно своите овластувања околу непречено спроведување на правосудниот процес за кој прашувате“, велат од МВР.

На обвинителна клупа седнуваат 35 обвинети, а многу веројатно ќе има спојување и со обвинението за реалниот газда на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“.

Тешки дела против општата сигурност е кривичното дело во обвинителниот акт што ќе го бранат 15 обвинители, што е прв ваков случај во Македонија. За обвинителството причината зошто толкав број обвинители ќе работат на случајот е недостатокот на кадар – односно, не можело двајца или тројца обвинители да бидат ослободени од други предмети и да се сконцентрираат само на пожарот во „Пулс“, туку овој обвинителски состав истовремено ќе води и други предмети. Тврдат и дека 15 обвинители се гаранција дека судењето никогаш нема да се одложи поради отсуство на обвинител.

Првото рочиште е закажано во 9:30 часот во судницата во Идризово, а процесот ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска.