Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Гоцевски: После 19 октомври во Делчево доаѓа нова власт, која ќе ги реши недостатоците во безбедноста и животната средина

Драги сограѓани, Изминатите години се изнагледавме на грди и опасни слики од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Драги сограѓани, Изминатите години се изнагледавме на грди и опасни слики од нашето Делчево. Пожари и отрови од градската депонија. Катастрофални пожари и уништување на шумскиот фонд на општината, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.   

Поплави во урбаните делови на Делчево со животозагрозувачки фактори и огромна материјална штета. Сообраќаен хаос поради недостиг на тротоари и паркинг простор. Ѓубре и депонии насекаде. Дискутабилен животен баланс во нашата река Брегалница.

После 19 октомври доаѓа нова локална власт, која ги има констатирано сите недостатоци во сферата на заштитата на животната средина и безбедноста во општина Делчево. Преку серија проекти ќе ги решаваме горливите прашања за кои сите пред нас вртеле поглед на другата страна.

Реклама

Затоа драги сограѓани сакам да ве уверам овде, во местото на кое што пораснав, на игралиштето во Милково брдо, на познатите бобандери, дека вистинскиот избор на 19 октомври е токму бројот 9. Бројот 9 којшто за нас, лично за нас значи многу работа и ваша доверба.