Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Гоцевски: После 19 октомври Делчево ќе добие одговорна локална власт

Кандидатот за градоначалник на Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Гоцевски, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Гоцевски, во својата изјава до јавноста посочи дека во изминатите години граѓаните биле сведоци на низа сериозни проблеми кои го нарушуваат квалитетот на живот во општината.

-Се изнагледавме грди и опасни слики од нашето Делчево – пожари и отрови од градската депонија, катастрофални пожари и уништување на шумскиот фонд, поплави во урбаните делови со живото-загрозувачки фактори и огромна материјална штета, сообраќаен хаос поради недостиг на тротоари и паркинг простор, ѓубре и диви депонии насекаде, како и дискутабилен животен баланс во нашата Брегалница, изјави Гоцевски.

Тој потенцира дека по 19 октомври ќе дојде нова локална власт која веќе ги има констатирано сите овие недостатоци и ќе работи на нивно надминување.

Реклама

-Преку серија проекти ќе ги решаваме горливите прашања за кои сите пред нас вртеле поглед на друга страна. Побарајте ја нашата предизборна програма и дознајте повеќе за сите политики кои ќе ги реализираме. Гласот за број 9 значи доверба, но уште повеќе за нас значи одговорност и многу работа,“ порача кандидатот за градоначалник Иван Гоцевски.