Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Гоцевски: Над 4.000 посетители престојувале во Делчево изминатиот викенд

Повеќе од 4.000 посетители престојувале во Делчево во текот на изминатиот викенд, кој се совпадна со првиот ден од летото, објави градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски. Според Гоцевски, зголемен е и бројот на патници кои преку граничниот премин Делчево влегуваат од Република Бугарија, што, како што наведува, придонесува за раст на туристичкиот промет и економската […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 4.000 посетители престојувале во Делчево во текот на изминатиот викенд, кој се совпадна со првиот ден од летото, објави градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски.

Според Гоцевски, зголемен е и бројот на патници кои преку граничниот премин Делчево влегуваат од Република Бугарија, што, како што наведува, придонесува за раст на туристичкиот промет и економската активност во општината.

Тој оцени дека активностите за промоција на Делчево како туристичка дестинација веќе даваат видливи резултати и оти локалното стопанство започнува нов инвестициски циклус поттикнат од зголемената посетеност.

Реклама

– Воспоставениот систем за промоција на Делчево дава резултати, а економската активност во градот бележи позитивен раст. Особено охрабрува тоа што локалните бизниси ги препознаваат овие трендови и инвестираат во понатамошен развој – наведува Гоцевски во објавата.

Тој најави дека во текот на оваа недела ќе се одржи првиот конститутивен состанок на Советот за развој на туризмот во Делчево, каде ќе се разгледуваат и креираат мерки за понатамошен развој на туристичкиот сектор и локалната економија.

Градоначалникот посочи дека природните потенцијали на регионот, планините Голак, Средна и Влаина, како и реката Брегалница, заедно со културната и гастрономската понуда, создаваат услови за успешна туристичка сезона.

Според најавите, во текот на летото во Делчево ќе бидат организирани повеќе културни и туристички настани, а во наредните денови се очекуваат и нови информации поврзани со локалниот економски развој.