Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Ѓорѓиевски: Градскиот парк повторно го враќа својот сјај

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео од Градскиот парк со порака…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео од Градскиот парк со порака дека по силното невреме што пред некокку дена го зафати главниот град, Градскиот парк повторно го враќа својот сјај.

– Повеќе од 100 дрвја беа соборени, пешачките патеки беа затрупани, а значителна штета беше нанесена и на урбаната опрема. Благодарение на брзата реакција и посветената работа на екипите на јавните претпријатија на Град Скопје, првиот дел од паркот е расчистен. Засадени се нови садници, санирана е оштетената урбана опрема, а просторот повторно е достапен за посетителите, пишува Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Скопскиот градоначалник посочува дека паралелно се работи и во вториот дел од Градскиот парк каде се отстрануваат последиците од невремето, се санираат штетите, се отстрануваат старите и оштетени дрвја и се засадуваат нови садници.

Реклама

– Природните непогоди не можеме да ги спречиме, но можеме да покажеме дека со заедништво, организираност и посветена работа брзо и одговорно ќе ги надминеме последиците. Изразувам огромна благодарност до сите вработени и служби кои деноноќно беа на терен, за Градскиот парк повторно да биде чист, безбеден и зелен дом на сите скопјани. Продолжуваме со работа сè додека не биде обновен и последниот оштетен дел од паркот, стои во објавата.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: