Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Ги заборавија Македонците кај соседите: Иако претседаваат со ОБСЕ Османи и Владата можеа, ама не направија ништо за македонското малцинството

Една цела година Македонија и нејзиниот прв дипломат Бујар Османи претседаваат со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една цела година Македонија и нејзиниот прв дипломат Бујар Османи претседаваат со ОБСЕ, една цела година сме на еден начин главни во оваа организација и една цела година воопшто и не сме го отвориле прашањето за Македонците во соседните држави, иако сме можеле. Иако главната тема на ОБСЕ оваа година беше состојбата во Украина, сепак според многумина е чудно што Македонија не го искористи овој момент да добие и нешто за себе и за македонските малцинства. Поранешниот амбасадор Звонимир Јанкуловски за Алфа вели дека според него нашите власти воопшто и не ги споменале Македонците во текот на претседавањето со ОБСЕ. 

-Не верувам дека министерот за надворешни работи и државата како претседавач воопшто се занимавале со ова прашање во контекст на она што значи претседавање со ОБСЕ. Македонија требаше да искористи многу други механизми, вклучувајќи го и ОБСЕ за правата на малцинствата, меѓутоа ви кажав малцинствата се оставени сами на себе, они се декларираат како македонско, гледате во оптег се повеќе е северномакедонско, изјави Јанкуловски.

Реклама

Според Јанкуловски проблемот е што Македонија, односно власта, и пред претседавањето со ОБСЕ, се откажа од Македонците во соседните држави, иако тие никогаш не се откажаа да ги бараат своите права  во државите каде живеат.

-Гледам ОБСЕ повеќе се занимава со малцинствата во Македонија, отколку со македонското малцинство надвор, политиката на Владата е тоа, премиерот јасно си кажа дека нашиот концепт на почитување на малцинските права не кореспондира со оној во Бугарија и дека секое отворање на прашањето за отворање на малцинствата во соседните држави би значело мешање во внатрешните работи. Концепт кој е застарен и кој во основа не кореспондира со фактичка состојба за постоење на македонското малцинство во соседните држави, изјави Јанкуловски.

Дека Македонија имала шанса која не ја искористила, смета и професорката по меѓународна политика и експерт за ОБСЕ, Ида Мантон. Вели немало да биде лесно да се протнат правата на македонското малцинство поради безбедносната состојба во светот, но Македонија требала барем да се обиде.

-Тоа не значи дека министерот треба да забрани да се обидеме, ниту дека тимот треба да го прифати тоа и да не побара ни стручна помош и поддршка. Лесно можеше да се искористи, на пример, 30-годишнината на канцеларијата на високиот комесар за малцински прашања, па да се зададеа насоки за процена на имплементација на одредени права меѓу државите членки, вели Мантон.

Инаку, според статутот ОБСЕ се грижи за безбедносните прашања, но и за правата на малцинствата во државите, дел кој очигледно нашата држава не го искористи во своето претседавање.

Наследник на Македонија во претседавањто на ОБСЕ ќе биде Малта. Таа први јануари ќе го преземе претседавањето со Организцајата за безбедност и соработка на Европа.

Матеја Петровски