Реклама

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата

Економија

Германија ги отвора вратите за работниците од земјите на Западен Балкан, ќе остане ли Македонија без работници?

Германија ги отвора вратите за работниците од земјите на Западен Балкан. Ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Германија ги отвора вратите за работниците од земјите на Западен Балкан. Ќе остане ли Македонија без работници кои периодов масовно размислуваат да ја напуштат земјава. Во оваа земја на сила стапува новиот Закон за влез на професионален кадар, кој се однесува на квалификувани работници од земји кои не се членки на ЕУ.

Според него, како стручњаци веќе не се сметаат само лицата со факултетска диплома, туку и квалификувани лица чие стручно образование траело најмалку две години и е еквивалентно на германското образование, така што нивните дипломи може да бидат признати во Германија.

Целта е признавањето на дипломите да се завршува во рок од три месеци по доставувањето на сите потребни документи, а процесот на издавање на виза за квалификуваните работници во иднина би требало да трае од четири до шест недели, пренесува „Дојче веле“.

Реклама

Законот важи за секој квалификуван работник надвор од ЕУ кој може да докаже дека има договор за вработување во Германија и соодветни стручни квалификации.

Со него не се опфатени помошните работни места за кои не е потребна стручна квалификација, но работниците кои имаат основни професионални квалификации и договор за вработување или понуда за работа во Германија, можат да се доквалификуваат. Секој што има договор за работа ќе добие четиригодишна дозвола за престој или онолку колку што трае договорот. Потоа работниците можат да стекнат право на неограничен престој.

Секој што сака да бара работа во Германија, ќе добие виза за шест месеци, а предуслов е да има пари да ги покрие трошоците за живот во тој период и да зборува германски на ниво Б2.

Новиот закон важи и за странци кои сакаат да студираат или стручно да се надградуваат во Германија, но тие мора да бидат помлади од 25 години.

Борис Грујоски