Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Герасимовски со граѓаните и хигиеничарите во акција за чистење на Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со граѓани, млади и хигиеничарите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со граѓани, млади и хигиеничарите го чистеа сметот во Општина Центар, стои во соопштението на Општината. Изминативе неколку дена, хигиеничарите се постојано на терен, во две смени за да го исчистат хаосот што го остави ЈП „Комунална хигиена“ и градската власт откако сите општини во Скопје беа преплавени со смет. 

Герасимовски, потенцира дека чистењето почнало од Буњаковец и продолжило на повеќе локации на ул. „Васил Ѓоргов“, Капишец, Дебар Маало, Градски Парк, просторот кај Олимписки базен, кадешто се собраа огромни кеси со смет. Тој, истакнува дека кризата со хигиената трае повеќе месеци и континуирано апелирал комуналното претпријатие да го подигне сметот од улиците кадешто има надлежност, но тогаш ЈП „Комунална хигиена“ испраќала деманти дека чисти според утврдена динамика. 

„Недозволиво е ова што му се случува на Центар, но и на градот Скопје. Сите скопски општини се преплавени во смет поради неажурноста на градската власт. Од утринава, граѓаните и млади лица се вклучија во акцијата кадешто сите заедно со нашите хигиеничари ја чистиме нашата општина. Во чистењето вклучена е целата механизација на општината и ПОЦ, а направиме и план со мерки за справување со кризата. Од денеска е започнато дератизацијата во основните училишта и градинки, предвидено е да трае во следните неколку денови. ЈП „ПОЦ“ организира посебни пунктови и распоред за собирање на угостителски отпад. Мора да се направи и дератизација во сите згради, а вонредната дератизација е во тек кадешто во 1980 шахти се фрла сертифициран препарат. Им благодарам на сите граѓани кои се активираа и помогнаа, упатувам апел до компаниите да ни помогнат со механизација, камиони и логистика“, рече Герасимовски. 

Реклама

Акцијата за чистење продолжува во сите населби во Центар.