Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Герасимовски: Поддршка за семејствата во Центар, обезбедени 4 милиони денари за новороденчиња

Во Буџетот на Општина Центар за годинава се издвоени околу четири милиони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Буџетот на Општина Центар за годинава се издвоени околу четири милиони денари како финансиска поддршка за новороденчиња од кои досега исплатени се 696.681 денар.

– Семејството е темел на нашето општество и затоа континуирано вложуваме во мерки што директно го олеснуваат секојдневието на секој  родител. Ги повикувам сите што имаат принова, да се пријават и да ја искористат поддршката за новороденче, истакнува градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

Од прес-службата на Општината информираат дека финансиската поддршка за новороденче е зголемена од 7.000 на 10.000 денари.

Реклама

По повод Меѓународниот ден на семејството, градоначалникот Герасимовски информира во план е и изградба на нова градинка во близина на Клиничкиот центар со цел да се одговори на потребите на семејствата во тој дел од општината.

– Општина Центар продолжува и со поддршка на повозрасните сограѓани, преку зголемување на еднократната помош за пензионерите на 5.000 денари, како и со низа мерки и активности насочени кон унапредување на нивната социјална сигурност и квалитет на живот, информираат од Општината.