Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Герасимовски: Финансиска поддршка за квалитетни проекти и активности, јавен повик за граѓанските организации

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, упати повик до сите зруженија и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, упати повик до сите зруженија и фондации што дејствуваат на територијата на општина Центар да се пријават за финансиска поддршка за 2026 година.

Средствата, како што информираат од Општина Центар, се наменети за поддршка на локалната заедница, со фокус на развојот на микробизнисите, програмите и проектите за млади, социјалните услуги, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и образованието за возрасни.

Герасимовски посочи дека невладините организации се докажани партнери на општината, промотори на позитивни вредности и нови идеи.

Реклама

– Ги повикувам сите здруженија и фондации што имаат добра идеја и квалитетен проект да се пријават на јавниот повик и да ја искористат можноста за финансиска поддршка – порача градоначалникот Герасимовски.

Рокот за поднесување пријави и документација е 10 дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар. Пријавите може да се достават преку пошта на адресата Општина Центар – Скопје, улица Михаил Цоков бр. 1 или во архивата на Општина Центар (барака 6) од 9 до 15 часот.

Повеќе информации за јавниот повик на: Јавни повици | Општина Центар