Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Герасимовски: Центар ја слави поезијата и музиката, поетска вечер со македонски автори на 18 март

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува сите љубители на поезијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува сите љубители на поезијата и музиката на 18 март, од 19:00 часот, во „Лабораториум“, на целовечерен поетско-музички настан „Светот ја слави поезијата. Градот ја слуша!”

-По повод 50 години од постоењето на нашата општина организираме серија настани што ќе ја збогатат градската културна сцена. Почнуваме со дружење посветено на поезијата и музиката, со наши домашни автори. Влезот е слободен, а добредојдени се сите вљубеници во убавиот збор и музиката, вели Герасимовски.

На настанот, кој поддржан од Општина Центар, ќе настапат триесетина истакнати македонски поети кои ќе ги презентираат своите стихови. Поезијата ќе се спои со музиката на Зарина Првасевда, а по поетското читање ќе следува забава со иновативните звуци на „Поетроника“.

Реклама

Како што информираат од Општина Центар, ќе бидат читани и песни што оставиле трага во македонската поезија, а чии автори повеќе не се меѓу нас. Настанот е и најава за „Антологија на патот“, продолжение на проектот „Антологија на копнежот“ на Виолета Танчева-Златева.

Со настанов воедно се одбележува и Светскиот ден на поезијата, а во наредниот период Општина Центар  во својата програма предвидува низа проекти од сферата на културата меѓу кои: „Светски ден на уметноста“, „Прослава на животот на Горан Стефановски“, како и „Тематски прошетки со граѓаните за поблиско запознавање со културните обележја на општината“.