Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Герасимовски: 42. Маџирмаалски средби – традиција што го чува духот на Маџир Маало

Општина Центар и годинава е покровител на Маџирмаалските средби, манифестација што повеќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Центар и годинава е покровител на Маџирмаалските средби, манифестација што повеќе од четири децении го негува маалскиот дух, спортот и културната традиција на едно од најстарите скопски маала, се наведува во соопштението од Општината. 

На средбите, се наведува во соопштението, се приклучил и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, „кој помина прекрасен ден во дружење со маџирмаалци и активно учествуваше во спортските и забавни содржини. Тој истакна дека Маџир Маало е пример за традиција што се одржува и се пренесува со години“.

-Маџир Маало има своја енергија и карактер, надалеку прочуени. Овие средби се доказ дека автентичниот маалски дух му пркоси на времето. Секогаш е задоволство и чест да се биде со маџирмаалци. Општина Центар и понатаму ќе ги поддржува ваквите настани, кои се важен дел од локалната традиција – изјавил Герасимовски.

Реклама

На спортските терени во Маџир Маало, на Кејот на Вардар се одржа богата спортско-културна програма со ревијални фудбалски натпревари, како и традиционалниот турнир во „фанта“.

-На фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Општина Центар и Град Скопје, заслужено победи екипата на Центар, во фер и спортска атмосфера. Настанот заврши со заедничко дружење и доделување признанија и благодарници. Општина Центар 42 години по ред е покровител на Маџирмаалските средби, се додава во соопштението.