Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Герапетритис разговарал со Муцунски, изразил подготвеност Грција да обезбеди помош во врска со несреќата во Кочани

Шефот на грчката дипломатија на својот македонски колега му изразил сочувство за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шефот на грчката дипломатија на својот македонски колега му изразил сочувство за загинатите во несреќата во дискотеката во Кочани.

Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, утринава телефонски разговарал со шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во врска со несреќата во Кочани. На својот македонски колега му изразил сочувство за жртвите во несреќата во која загина 51 лице, а околу 100 други се повредени.

Шефот на грчката дипломатија, како што јавуваат локалните медиуми, за време на телефонскиот разговор со Муцунски изразил подготвеност Грција да обезбеди секаква неопходна помош, вклучувајќи и спасувсчки тимови и медицинска помош.

Реклама

Во меѓувреме се огласи и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој изрази искрено сочувство до Македонија во врска со несреќата во Кочани, повторувајќи ја подготвеноста на Грција да пружа помош.

„Срдечно сочувство до народот на Македонија за загубените животи во трагичниот пожар во Кочани. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства, а на повредените им посакувам брзо закрепнување. Грција е подготвена да помогне во ова тешко време“ пишува Мицотакис во објава на Икс.

Претходно, за помош во врска со несреќата во Кочани се понудија соседни Бугарија и Србија.