Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Гавковски: Полска и Министерството за дигитализација ќе бидат најголем поддржувач на европската интеграција на Македонија

Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски, оствари работна средба со вицепремиерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски, оствари работна средба со вицепремиерот на Полска и министер за дигитални прашања, г. Кристоф Гавковски, во рамки на Дигиталниот самит во Гдањск, Полска.

На средбата беше разговарано за тековните процеси и заложби за дигиталната трансформација во двете земји, со посебен акцент на полските искуства во дигитализацијата на јавните услуги и сајбвер безбедноста. Двајцата соговорници ја потенцираа важноста од зајакната регионална и европска соработка во оваа сфера.

– Полска и Министерството за дигитализација ќе бидат најголем поддржувач на европската интеграција на Македонија. На крајот на претседавањето со Советот на ЕУ, фокусот на полската Влада останува на поддршка на партнерите и пријателите. “ изјави министерот Андоновски.

Реклама

Министерот Андоновски истакна и дека со поддршка од Европската Унија, оваа есен граѓаните на Македонија ќе добијат можност за дигитална лична карта преку мобилна апликација, ова е важен чекор во дигиталната трансформација на општеството.

Средбата претставува потврда на заедничката заложба за интензивирање на билатералната соработка и размена на добри практики.

– Сакаме да бидеме најсилен поддржувач на македонската интеграција во ЕУ, и како ваш традиционален партнер, Полска е подготвена да и помогне на Македонија со експертиза, техничка помош особено во делот на сајбербезбедноста, но и лобирање и поддршка во европските институции, изјави вицепремиерот Гавковски.

Важноста на дигиталната трансформација се гледа во тоа што овој сегмент е еден од клучните во Реформската агенда во рамки на Планот за раст на ЕУ.