Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесностЛУЧНИ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА  – ГОЛЕМА ИЗЛЕЗНОСТ, КРАЈНА НЕИЗВЕСНОСТ

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

Гаши: Собранието ќе продолжи да поддржува политики за одржлив енергетски развој и инвестиции

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска се обратил на настанот по повод…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска се обратил на настанот по повод одбележувањето 20 години од работењето на ЕВН Македонија, на кој беше промовирана и „Белата книга“ за развојот и влијанието на компанијата во енергетскиот сектор.

Во своето обраќање, Гаши истакнал дека дведецениското работење на ЕВН Македонија претставува значајна успешна приказна, која се огледа во модернизацијата на услугите, унапредувањето на стандардите и изградбата на поодржлив и поефикасен енергетски систем во земјата.

-Објавувањето на „Белата книга“ претставува важен документ што нуди сеопфатна анализа на влијанието и предизвиците во енергетскиот сектор, но и јасен патоказ за идните чекори – нагласил Гаши.

Реклама

Тој потенцирал дека Собранието како највисока законодавна институција, останува посветено на унапредување на современа законска рамка што обезбедува правна сигурност, транспарентност и одржлив развој.

-Преку законодавната и надзорната функција, ќе продолжиме да поддржуваме политики кои поттикнуваат одговорни инвестиции, иновации и транзиција кон чисти извори на енергија, во согласност со европските стандарди – истакнал претседателот на Собранието.

Гаши нагласил дека одржливиот развој и довербата на граѓаните се темелат врз принципите на одговорност, етика и интегритет, посакувајќи понатамошни успеси на компанијата.

Настанот се одржал во Македонската филхармонија, во присуство на претставници на институциите, академската заедница, бизнис секторот и меѓународни партнери, а во рамки на програмата биле презентирани и клучните наоди од „Белата книга“, по што следувало панел-дискусија со експерти од областа.