Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Гаши од Копенхаген: Нашата посветеност за влез во ЕУ останува цврста, бараме процес за напредок, кој е правичен, предвидлив и заснован на заслуги

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се обратил на првиот ден на конференцијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се обратил на првиот ден на конференцијата на спикери на парламенти на земјите членки на ЕУ и на земјите кандидати за членство, која денеска и утре се одржува во Копенхаген, на темата „Европа во променливиот светски поредок: безбедност, проширување и улогата на парламентарната соработка“.

Во воведот на темата, како што информираат од собраниската прес-служба, било нагласено дека проширувањето на ЕУ е и стратешка неопходност и политичка цел, која бара од земјите кандидати да исполнат строги стандарди за да обезбедат стабилност, демократија и кредибилитет. Исто така, било потенцирано дека иако проширувањето на членството го зајакнува влијанието на ЕУ, тоа исто така го комплицира донесувањето одлуки правејќи ги постепената интеграција и можните реформи на гласањето неопходни за одржување на ефикасноста и демократскиот легитимитет.

Гаши во своето обраќање истакнал дека процесот за влез во ЕУ е сложен и долготраен и бара промени во општеството.

Реклама

– Како што е нагласено многупати досега, проширувањето останува еден од најголемите успеси на Унијата – моќна инвестиција во мирот, стабилноста и просперитетот на целиот наш континент. Се покажа дека Европа станува посилна кога ги отвора своите врати за нациите што се подготвени да ги прифатат нејзините стандарди. Меѓутоа, процесот за влез во ЕУ е сложен и долготраен и бара сериозни и постојани промени во општеството. Особено се неопходни темелни реформи во јавната администрација, правосудниот систем и економијата. Ние ги прифаќаме овие предизвици не затоа што ни се наметнати туку затоа што се од суштинско значење за нашите граѓани и нашата иднина. Сепак, годините одложувања, менувањето на критериумите и растечкиот скептицизам во рамките на Унијата предизвикаа замор и фрустрација, со што се доведува во прашање довербата, која е двигател на нашите напори – потенцирал спикерот на Собранието.

Нагласил дека нашата посветеност за влез во ЕУ останува цврста и бараме процес за напредок, кој е правичен, предвидлив и заснован на заслуги.

Гаши потенцирал дека парламентите на земјите членки на ЕУ и Европскиот парламент играат клучна и неопходна улога во процесот на проширување.

– Преку активна меѓупарламентарна соработка, споделување експертиза и градење доверба, вашите парламенти ни обезбедуваат витална и практична поддршка нам, на земјите кандидатки. Ве сметаме за суштински партнери на нашето патување кон пристапувањето во ЕУ бидејќи активно ги поддржувате усвојувањето на правилата на ЕУ и зајакнувањето на нашите демократски институции. Како тела блиски до граѓаните, вашите национални парламенти, почитувани колеги, исто така се клучни во обликувањето на јавното мислење во корист на проширувањето. Вие можете ефикасно да се спротивставите на скептицизмот и заморот од проширувањето укажувајќи дека тоа носи поголема безбедност и просперитет. И, најважното, суверената моќ на вашите парламенти да ги ратификуваат договорите за пристапување го прават проширувањето конкретна реалност – рекол тој.

Гаши ги поздравил внатрешните реформи на Унијата и потенцирал дека сепак тие не смее да станат причина за одложување на проширувањето, односно внатрешните реформи и проширувањето треба да напредуваат заедно, рака под рака.

Изразил надеж дека ЕУ ќе одговори на новите геостратешки околности со визија и одлучност правејќи го понатамошното проширување камен-темелник на својата иднина.