Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Гаши: Граѓаните на 11 јануари масовно да излезат на гласање во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска го потпиша актот за одржување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска го потпиша актот за одржување на повторени избори за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа. Изборите ќе се одржат на 11 јануари 2026 година, во согласност со Уставот, Изборниот законик и соодветното законодавство.

Во писмена изјава за повторните избори за градоначалници во овие четири општини Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа, претседателот на Собранието Гаши посочува дека со стапувањето во сила на овој акт, надлежните институции започнуваат со спроведување на законските рокови и процедури.

– Упатувам повик до Државната изборна комисија, општинските изборни комисии, како и до набљудувачките организации да постапуваат совесно, транспарентно и професионално. Ги повикувам сите политички субјекти и кандидатите учесници во овој процес да водат мирен, фер и демократски изборен процес, со почитување на изборните стандарди и европските вредности, вели Гаши. 

Реклама

Претседателот на Собранието ги повика граѓаните на 11 јануари масовно да учествуваат и да го остварат своето право на изборите.  

– Исто така, им се обраќам на граѓаните на овие општини да го остварат своето право и масовно да учествуваат на гласањето. Повторувањето на изборите ја потврдува важноста на учеството на секој граѓанин во локалното одлучување и во зајакнувањето на институционалниот легитимитет, рече Гаши.

Собранието, завршува тој, останува посветено на редовните демократски процеси и на консолидирањето на институциите на државата.  

Во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа изборите мора да се повторат бидејќи на 19 октомври, на гласање не излегоа доволен број граѓани.