Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 ФЗО: Шест бесплатни обиди за ин витро, наскоро на ГАК ќе има нова банка за репродуктивен материјал

Нова банка за репродуктивен материјал на ГАК, наместо три обиди за ин…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова банка за репродуктивен материјал на ГАК, наместо три обиди за ин витро Фондот покрива шест и за 2 до 3 месеци од сега, клексанот ќе се зема на рецепта. Новите измени на Законот за здравствена заштита се во интерес да се олесни финансискиот товар на граѓаните за постапките за ин витро ваучерите и да се стимулираат идните мајки за раѓање на повеќе деца. Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски вели дека, граѓаните не само што имаат двојно повеќе бесплатни обиди, туку од ГАК ќе можат да земаат дониран репродуктивен материјал кој сега го купуваат скапо од банките на приватните клиники. Исто така, се размислува и за државна финансиска поддршка за замрзнување на јајце клетки и сперматозоиди.

Досега, Фндот ги рефундираше парите за клексанот којшто граѓаните мораа однапред приватно да го набават, но се прават пресметки и анализи и тоа во скоро време ќе биде регулирано, појаснува Клековски.

Комисијата за доделување на ваучери, наместо за три месеци сега одлучува во рок од две недели бидејќи заседава двапати неделно. Според статистиката, ин витро ваучери за ланската година добиле 1.495 граѓани, Од нив над 1280 се за прво дете. Се очекува, напорите на ФОндот и Министерството за здравство преку заложувањата за бесплатни ин витро постапки, да резултираат со згоелување на наталитетто во наредните години.

Реклама

Друга новина од законските измени е тоа што се олеснува лекувањето во странство. Комисиите ќе одлучуваат само по жалби, а скратен е рокот од 45 на 30 дена. Клековски апелира до сите граѓани  што имаат потреба од лекување надвор да се обратат до Фондот бидејќи сите оправдани барања се одобруваат.