Реклама

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Македонија

ФОТО: Нови шест возила за скопската сообраќајна полиција

Во Министерството за внатрешни работи, денеска на министерот Панче Тошковски од страна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Министерството за внатрешни работи, денеска на министерот Панче Тошковски од страна на претседателката на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот Гордана Кожуваровска му беа предадени возила моторни возила наменети за модернизација на опремата на сообраќајната полиција.

Две моторни возила се од типот Dacia Duster и четири моторни возила Dacia Sandero Stepway, произведени во 2024, опремени со полициски ознаки и со дополнителна опрема.

-РСПБСП во рамки на неговата законска надлежност во соработка со МВР, денеска овозможи да се зголеми обемот на возила којшто го имаме на располагање во министерството. Шесте возила ќе бидат користени во рамки на СВР Скопје во рамки на увидната екипа и сообраќајната полиција. Се надевам дека со тоа ќе ја зголемиме брзината на реакција во рамки на вршењето на увидните активности на ниво на градот Скопје. Во иднина преку РСБСП или други институции ќе бидат набавувани полициски обележени возила со цел нивна поголема видливост, а со тоа и поголемо чувство на безбедност на граѓаните, потенцираше министерот Тошковски.

Реклама

РСБСП ги набави возилата и опремата во согласност со обврската дел од овие средства да ги намени за набавка на опрема за осовременување на службите на МВР кои се грижат за безбедноста на сообраќајот, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Претседателката на РСПБС Кожуваровска истакна дека продолжува успешната соработка помеѓу РСБПС и МВР со заедничка цел унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.