Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Форум за културна дипломатија Скопје 2026

„Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“ е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“ е тема на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026 кој свечено е отворен денеска во  Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Го организираат Кабинетот на поранешниот претседател на Македонија Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите од Скопје и Институтот за културна дипломатија од Берлин, со поддршка на Министерството за култура и туризам и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

На Форумот учествуваат дипломати, политичари, експерти, уметници и јавни личности од Македонија, САД, Германија, Франција, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора.

Во рамки на форумот ќе се одржи воведна сесија и панел-дискусија на тема „250 години подоцна: Демократијата, културната моќ и значењето на глобалниот дијалог во свет во промени“, чиј домаќин ќе биде министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Реклама

По повод 250 години од основањето на Соединетите Американски Држави, сесијата ќе ја отвори дискусијата за улогата на демократијата, културната дипломатија и глобалниот дијалог во градењето доверба, соработка и стабилност во време на забрзани геополитички промени, наведуваат организаторите.

Според нивната најава, на отворањето ќе се обратат министерот Тимчо Муцунски,  в.д. амбасадорот на САД, Никол Варнес, поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Марк Донфрид – директор на Институтот за културна дипломатија од Берлин, Дуке Бојаџиев – композитор, музички продуцент и пијанист, и Васко Наумовски – поранешен македонски амбасадор во САД, кој воедно ќе биде и модератор на сесијата. Воведни зборови ќе има Иван Иванов, претседател на Извршниот одбор на Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите, коорганизатор на настанот.

Во рамки на Форумот ќе се одржат повеќе тематски сесии и настани во институции од државно и културно значење. Во Кабинетот на претседателката на државата ќе се одржи сесијата „Лидерството и културата како мостови меѓу цивилизациите“, на која свое обраќање ќе има претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во Собранието ќе се одржи сесијата „Улогата на демократските институции во културниот дијалог: Од претставување до кохезија“, со обраќање на претседателот на Собранието, Африм Гаши. На сесијата ќе учествуваат повеќе домашни и меѓународни говорници и претставници од областа на политиката, културата и дипломатијата.

Предвидена е и посебна сесија посветена на културата, креативноста, културната дипломатија и „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“, организирана во соработка со Министерството за култура и туризам и Град Скопје. Во рамки на оваа сесија, која ќе се одржи во Музејот на Град Скопје, свои обраќања ќе имаат министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по што ќе следува панел-дискусија на тема „Визија за иднината: Скопје 2028 и моќта на креативноста“, на која ќе учествуваат истакнати македонски уметници, културни работници и јавни личности од областа на театарот, музиката, литературата и современата уметност. 

Во пресрет на свеченото отворање на Форумот за културна дипломатија Скопје 2026, во претседателската „Вила Водно“ вчеравечер беше организиран прием за учесниците со обраќање на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова која го истакна значењето на културната дипломатија.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: