Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Форум за користење на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата

Тематски форум за  користење на податоците за вистинските сопственици во борбата против…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тематски форум за  користење на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата што ќе се одржи денеска во организација на Центарот за граѓански комуникации. 

Воведни обраќања посветени на важноста на информациите за вистинските сопственици како критична алатка за откривање, спречување и казнување на корупцијата, судирот на интереси и  злоупотребата на јавните ресурси ќе имаат претседателот на Центарот за граѓански комуникации Герман Филков, швајцарскиот амбасадор Кристоф Зомер и заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење   Арбен Фетаи.

Потоа следи панел дискусија, посветена на состојба, предизвици и можности за користење на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата и препораки за унапредување, при што клучните наоди од истражувањата ќе ги презентира програмска директорка на Центарот за граѓански комуникации Сабина Факиќ, а за актуелната состојба со користењето на податоците за вистинските сопственици ќе говорат директорката на Централен регистар Анита Стамнова, директорката на Бирото за јавни набавки  Маре Богева Мицовска, додека на тема унапредување на користењето на податоците за сопственоста ќе се обратат претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Адем Чучуљ и новинарската од БИРН, Фросина Димеска. 

Реклама

-Информациите за вистинските сопственици се критична алатка за откривање, спречување и  казнување на корупцијата, судирот на интереси и злоупотребата на јавните ресурси, особено кога ќе  се вкрстат со другите расположливи податоци како склучени договори за јавни набавки, интереси и  имотна состојба на избраните и именуваните лица, донации на политички партии итн. Две неодамнешни истражувања спроведени во Македонија покажуваат дека, и покрај формалното воспоставување на Регистар на вистински сопственици, неговиот потенцијал останува во  голема мера неискористен во системот за борба против корупцијата. Ограничениот пристап, недоследностите на податоците, слабите механизми за верификација, недостатокот на  институционална интероперабилност и недоволниот јавен надзор значително ја намалуваат превентивната и истражната вредност на податоците за вистинските сопственици, се наведува во соопштението на Центарот.

Врз основа на наодите од истражувањата и на светската практика на користење на податоците од Регистрите на вистински сопственици, се додава во соопштението, ќе се изработи документ за јавни политики со препораки за подобрување на користењето на информациите за вистинските сопственици во борбата против корупцијата во земјава.

-Пред да се објави овој документ, планирано е за време на форумот пред претставници на сите вклучени и засегнати страни да се престават состојбите,  утврдените проблеми и можностите, и заеднички да се финализираат препораките за мерките и активностите што треба да се преземат за натамошно унапредување на користењето на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата во земјава, се вели во соопштението.