Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Формирани просторни сили за заштита и спасување во Делчево

Советот на Општина Делчево донесе Одлука за формирање Просторни сили за заштита…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Општина Делчево донесе Одлука за формирање Просторни сили за заштита и спасување, со цел зголемување на подготвеноста за справување со природни и други непогоди на локално ниво.

Согласно одлуката, силите ќе дејствуваат на подрачјето на општината и ќе имаат задача да обезбедат заштита и спасување на луѓето и материјалните добра. Просторните сили се организираат како Универзална единица за заштита и спасување, формирана во состав на вод со вкупно 19 припадници.

За нивниот ангажман е предвиден паричен надоместок, при што припадниците ќе добиваат 3 проценти од просечната месечна плата по работник во државата, објавена од Државниот завод за статистика за претходниот месец, по реален ангажман. За раководните лица, надоместокот изнесува 5 проценти по реален ден ангажман.

Реклама

Исплатата на средствата ќе се врши врз основа на наредба за активирање донесена од градоначалникот или овластено лице, како и согласно евиденцијата за извршен ангажман. Финансиските средства за оваа намена ќе се обезбедуваат од Буџетот на Општина Делчево.