Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Македонија

ФЗОМ ги демантира обвинувањата на гинеколозите – подготвен е за продолжување на преговорите и заедничка работна група

Фондот за здравствено осигурување изразува изненадување од јавно изнесените тврдења на претседателот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фондот за здравствено осигурување изразува изненадување од јавно изнесените тврдења на претседателот на Здружението на приватни гинеколози и акушери, д-р Георги Костадинов, со кои се создава погрешна слика за комуникацијата и подготвеноста на Фондот за дијалог.

Фактите се јасни. На 28 октомври 2026 година, д-р Костадинов, заедно со претставници на приватните гинеколози, оствари работна средба со генералниот директор на Фондот и претставници на стручните служби. На средбата беа разгледани отворените прашања и беше договорено продолжување на разговорите.

На денешната средба, организирана токму за разгледување на предложените договорни решенија, наместо аргументирана дискусија, претседателот на Здружението не понуди конкретни образложенија за своите ставови и ја напушти средбата.

Реклама

Фондот смета дека ваквиот пристап не придонесува за решавање на отворените прашања. Преговорите се водат на маса, со аргументи и конкретни предлози, а не преку создавање погрешна претстава во јавноста.

Во однос на барањето во договорите да бидат наведени видот, обемот и фреквенцијата на гинеколошките прегледи опфатени со капитацијата, Фондот појаснува дека овие прашања се уредуваат со соодветната законска и подзаконска регулатива и медицинските стандарди, а не со поединечните договори со избраните лекари. Договорите ги уредуваат меѓусебните права и обврски, како и условите и начинот на финансирање.

Сепак, Фондот е подготвен да формира заедничка работна група со претставници на Здружението, која ќе ги анализира доставените предлози и, доколку постои основана потреба, ќе иницира соодветни измени на релевантните подзаконски акти.

Фондот ги почитува приватните матични гинеколози како значаен дел од здравствениот систем и останува отворен за професионална соработка.

Но, интересите на осигурениците, достапноста на здравствените услуги и почитувањето на прописите остануваат нашиот највисок приоритет.

Фондот нема да дозволи јавните полемики да го заменат суштинскиот дијалог, бидејќи нашата заедничка обврска е да обезбедиме подобра, поквалитетна и подостапна здравствена заштита за граѓаните.