Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Македонија

Фон дер Лајен следната недела на турнеја низ Западниот Балкан, в среда ќе престојува во Скопје 

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен следната недела ќе ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен следната недела ќе ги посети земјите од регионот на Западниот Балкан, информира денеска главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо. 

Пињо нагласи дека повеќе детали за оваа годишна турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, Европската комисија ќе соопшти во текот на утрешниот ден. 

Според расположливите информации, западнобалканската турнеја на Фон дер Лајен ќе почне в понеделник и во нејзини рамка таа в среда ќе престојува во Скопје.  

Реклама

Турнејата на Фон дер Лајен се поклопува со втората годишнина од усвојувањето на Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, кој, како што нагласи портпаролот на ЕК за проширување Гијом Мерсие ги поставува темелите за подготовка на земјите од регионот за интеграција во единствениот европски пазар и носи директни придобивки за граѓаните. 

– Од мај 2024 година, доделените средства за Западниот Балкан преку Планот за раст донесоа конкретни придобивки за партнерите во регионот и за граѓаните, а сега напредуваме во нивната исплата и во спроведување на договорените реформски агенди, рече Мерсие. 

Тој потсети дека досега се одобрени реформските агенди на пет од земјите од регионот, а во тек е разгледување и на реформската агенда на Босна и Херцеговина која била доставена до Европската комисија минатата недела, како и дека четири од партнерите веќе добиле средства за претфинансирање. 

– Во иднина навистина треба да видиме реформи во пракса. Ова е инструмент базиран на постигнување, па затоа треба да видиме имплементација и продолжување на напорите во тој правец, а ние ќе продолжиме да ги поддржуваме партнерите за да ги завршат своите задачи, додаде Мерсие.