Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Свет

Фон дер Лајен го изгуби спорот пред Европскиот суд за правда за Фајзер вакцините

Европската комисија постапила незаконски кога одбила да ги објави текстуалните пораки што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската комисија постапила незаконски кога одбила да ги објави текстуалните пораки што претседателката Урсула фон дер Лајен ги разменувала со директорот на „Фајзер“ Алекс Бурла во врска со купувањето вакцини за ковид, пресуди Врховниот суд на ЕУ. „Комисијата не може да тврди дека не ги поседува документите што ги побарале новинарите без да даде веродостојни објаснувања кои ќе ѝ овозможат на јавноста да разбере зошто тие документи не може да се пронајдат“, наведува судот.

„Њујорк тајмс“, кој ја покрена тужбата, поднел релевантни и доследни докази што укажуваат на постоење на текстуални пораки помеѓу претседателката на Комисијата и генералниот директор на „Фајзер“ во врска со набавката на вакцини. Весникот дознал за пораките во 2021 година при интервју со првиот човек на „Фајзер“. Кога и биле побарани документите, Европската комисија одговорила дека не е во состојба да ги обезбеди.

Пресудата е сериозен политички удар за Урсула фон дер Лајен, која и порано беше критикувана дека ја задушува транспарентноста на Европската комисија.