Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Фон дер Лајен: Европската Унија ќе реагира на американските царини на возилата за да ги заштити своите интереси

Европската Унија ќе продолжи да бара решенија преку преговори, водејќи сметка за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската Унија ќе продолжи да бара решенија преку преговори, водејќи сметка за своите економски интереси, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмена изјава по повод најавата на Вашингтон за воведување царини за увозот на возила во САД.

„Како голема трговска сила и силна заедница од 27 земји членки, заеднички ќе ги заштитиме нашите работници, бизниси и потрошувачи во Европската унија,“ нагласи Фон дер Лајен, изразувајќи „длабоко жалење“ поради одлуката на САД да воведат царини за европскиот извоз на автомобили.

Фон дер Лајен повторно потсети дека царините се даноци кои се штетни за бизнисите и потрошувачите и во САД и во ЕУ, најавувајќи дека Унијата ќе ја процени оваа најава, заедно со другите мерки што ги предвидува Вашингтон во наредните денови.

Реклама

„Автомобилската индустрија е двигател на иновации, конкурентност и висококвалитетни работни места, преку длабоко интегрирани синџири на снабдување од двете страни на Атлантикот,“ додаде Фон дер Лајен во изјавата.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување царини од 25 отсто за увозот на автомобили и лесни камиони во САД, кои треба да стапат на сила на 3 Април.