Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Свет

Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе соодветни и решителни контрамерки на американските царини

Европската унија нема да остане без одговор на воведувањето на неоправданите царини…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската унија нема да остане без одговор на воведувањето на неоправданите царини од страна на САД и ќе преземеме соодветни и решителни контрамерки, најави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по средбата во Минхен со баварскиот покраински премиер Маркус Содер.

„Ги зајакнавме нашите алатки за да ги заштитиме нашите интереси, нашите компании и нашите работници, но се подразбира дека ние секогаш сме подготвени да бараме заеднички решенија со САД, од кои корист ќе имаат и двете страни“, додаде Фон дер Лајен.

Таа потенцира дека е важно да се нагласи значењето на врските меѓу Европа и САД кои имаат толку многу заедничко, додавајќи дека „Америка е останува најблизок партнер“ на ЕУ.

Реклама

„Сакаме да ја продолжиме соработката со САД. Веруваме дека трговските војни и казнените царини не му користат никому. Царините се даноци. Тие ја зголемуваат инфлацијата. Тие особено ги погодуваат работниците, бизнисите и групите со ниски приходи. Тие ги нарушуваат важните синџири на снабдување од двете страни на Атлантикот. Никој нема корист од царините“, рече Фон дер Лајен.

Според неа, во вакви услови кога светот во целина се менува со молскавично темпо и Европа „треба да забрза“.

„Сигурна сум дека можеме да го направиме тоа. Треба да станеме поконкурентни. Мора да се вратиме и на значително повеќе инвестиции во одбраната и безбедноста. Треба да ги зајакнеме нашите домашни индустрии и иновации и, со тоа, на крајот да го зајакнеме суверенитетот на Европа“, истакна Фон дер Лајен.

Таа додаде дека важно прашање што предизвикува загриженост во Европа се и случувањата во Украина и условите за ставање крај на „страшната војна“ во оваа земја.

„Народот на Украина, како и ние, има најголем интерес да види фер и траен мир. Ова е особено важно ако земјите од Европа сакаат да ја гарантираат безбедноста и да преземат одговорност за обновата на земјата. Цврсто стоиме зад Украина и со нашите многубројни меѓународни партнери сакаме да бидеме сигурни дека таа може да одлучува од позиција на сила за условите под кои сите страни ќе го положат оружјето. Иднината на Украина е и иднината на Европа“, рече Фон дер Лајен, која престојува во Минхен за учество на Минхенската безбедносна конференција.