Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Фолк Фест Валандово 2026: Два дена посветени на македонската песна

Денес и утре, 26 и 27 мај, Валандово ќе биде центарот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес и утре, 26 и 27 мај, Валандово ќе биде центарот на македонската песна со 39. издание на „Фолк Фест Валандово“.

Вечерва, 26 мај, на плоштадот во Валандово, со почеток во 20.30 часот, ќе се одржи претфестивалска вечер посветена на најголемите валандовски хитови, музичката носталгија и песните што со години живеат меѓу публиката.

На сцената ќе настапат Блага Петреска, Елена Велевска, Кате Соната, Христијан Божинов – Кико, Мишко Крстевски и Марјан Коцев, а вечерта ќе заврши со мини концерт на Влатко Миладиноски.

Реклама

Претфестивалската програма ќе биде реализирана како ревијално музичко шоу, во кое песните ќе се надоврзуваат низ солистички настапи, дуети и заеднички изведби. Публиката ќе има можност да ги слушне и да ги отпее најпознатите валандовски хитови, меѓу кои „Лична Валандовчанка“, „Каде сте Македончиња“, „Бабино девојче“, „Доме мој“, „Срце бакшиш“, „Пеам да не заплачам“, „Жал за Деспина“, „Ако одам во Битола“ и антологиската „Бисер балкански“.

За музичката придружба ќе се погрижи оркестарот од емисијата „Мерак меана“ на Сител телевизија.

Големата фестивалска вечер ќе се одржи утре, 27 мај, во салата „Јанко Узунов“, со почеток во 20.30 часот. Пред публиката ќе бидат изведени 20 нови композиции, под диригентската палка на проф. д-р Илчо Јованов.

Фестивалската вечер ќе се емитува во живо на МТВ 1.

Влезот за претфестивалската вечер на плоштадот е слободен.

Валандово и оваа година останува градот на песната, а „Фолк Фест Валандово“ уште еднаш ќе ја обедини публиката околу македонската музика и традиција.