Реклама

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Македонија

„Фол“: Ахмети размислува за повлекување по локалните избори

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети сериозно размислува да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети сериозно размислува да се повлече од активната политика, објави медиумот на албански јазик „Фол“.

Според информациите на медиумот добиени од ДУИ, Ахмети веќе разговарал за оваа одлука со дел од своите најблиски соработници, како и со политички партнери од Албанија и Косово.

Конечната одлука се очекува да биде објавена по завршувањето на вториот круг од локалните избори, со цел да не се влијае врз исходот за кандидатите на партијата.

Реклама

Засега нема официјален коментар на оваа информација од ДУИ и од Ахмети, кој се нема огласено во медиумите и социјалните мрежи по првиот изборен круг на 19 октомври, на кои коалицијата НАИ, предводена од ДУИ, победи само во Липково и во Пласница. Во Пласница, коалицијата ВРЕДИ не предложи кандидат, пишува „Фол.мк“.

Оставка од Ахмети по првиот круг од локалните избори, а особено по поразот во Чаир, побараа челниците на ВРЕДИ. Кандидатот на ДУИ Бујар Османи кој загуби од Изет Меџити од ВРЕДИ во Чаир, напиша на Фејсбук дека „Али Ахмети е и останува неоспорен идеолог и лидер на Албанците“