Реклама

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Прилози

Финансова и ОЈО Скопје се подготвени да влезат и во ЈСП штом добијат пријава од синдикатот на Сообраќајното претпријатие

По бројните сомнежи за неисправни автобуси и можни неправилности во јавните набавки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По бројните сомнежи за неисправни автобуси и можни неправилности во јавните набавки што за Алфа ги обелодени синдикатот на ЈСП, и Финансова полиција и Обвинителството најавија дека ќе преземат мерки веднаш штом ги добијат точните информации од синдикатот на ЈСП, од каде за Алфа изјавија дека постојат сомнежи за  криминал во работењето на претпријатието, поточно во врска со набавката на делови и гориво за автобусите. Директорот на Финансова полиција Ивановски за Алфа вели дека ги слушнал информациите, но досега до нив нема стигната никаква пријава и ги повика од Синдикатот да ги споделат сите сознанија што ги имаат, а потоа ќе постапуваат во рамки на нивните надлежности.

До овој момент официјално не е пристигната пријава по основ на овие информации кои се изнесени во јавност, ги повикувам претставниците на Синдикатот, да ги споделат со нас сите информации кои ги поседуваат и врз основа на тоа ќе утврдиме дали имаат индиции за евентуално сторено кривично дело и во координација со надлежното ОЈО ќе постапиме во рамки на нашите надлежности и овласувања“, изјави Слободан Ивановски – директор на Финансова полиција

И од Обвинителство ни посочија дека веднаш штом Финансиската полиција или другите надлежни органи утврдат дека има основи за сомневање за кривично дело во предметните набавки на гориво и резервни делови за автобусите.

Реклама

„Доколку Финансиската полиција и надлежните органи утврдат дека постои кривично дело во предметните јавни набавки, надлежното обвинителство веднаш ќе постапи согласно своите законски надлежности“, велат од Јавно обвинителство

Синдикатот на „ЈСП“ претходно побара детална истрага, изразувајќи сомнеж дека дел од возилата се расипале поради дефекти што можат да бидат резултат на криминал со тендерите и неправилности во набавките. Меџит Идризи од СПАЈС посочи дека повеќе од триесет автобуси се расипани поради проблеми со дизните, а десетина се надвор од употреба поради оштетени мотори. Дел од дефектите најверојатно е резултат на наточено неквалитетно гориво или на пропусти при сервисирањето. Дополнително наведе дека биле набавени и нови гуми кои исчезнале од гаражата само три дена по испораката.

Во „Комунална хигиена“, пак, Обвинителството веќе отвори постапка и почна да ги чешла тендерите. Податоците од јавните набавки покажуваат дека со последниот договор за сервисирање на возила биле потрошени речиси 250.000 евра, а на истиот потпис ставил актуелниот директор Сабахудин Рустеми, кадар на ДУИ, назначен од градоначалничката Данела Арсовска.

И додека никој не знае за што и каде и во чии џебови завршуваат парите на граѓаните, во меѓувреме, главниот град се дави во отпад. Контејнерите се преполни, отпадот се шири по тротоарите, а дел од општините се обидуваат со сопствена механизација да ги исчистат улиците.

Проблемите во јавните претпријатија се провлекуваат речиси низ целиот мандат на градоначалничката Арсовска, која ќе остане запаметена по рекордниот број на смени на директори, како и по низа инциденти и несреќи со автобуси. Само во последната година имаше десетина случаи на запалени, расипани или оштетени возила. За среќа, без човечки жртви.