Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Финансиска полиција го гони Бислимовски за штета на државната каса од 14 милиони денари

Марко Бислимовски како претседател на Регулаторната комисија го оштетил буџетот за 230…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Марко Бислимовски како претседател на Регулаторната комисија го оштетил буџетот за 230 илјади евра оти незаконски дозволил на фирмата „Тритерол Петрол“ ДООЕЛ Скопје да тргува со нафта и нафтрени деривати 15 месеци со истечена лиценца. Финансиската полиција го товари Бислимовски за злоупотреба на службената положба и овластувањата бидејќи тој како прв човек на Регулаторна, требало да отпочне постапка и да и забрани на фирмата да тргува со горива бидејќи не ги исполнувала законските препишани услови. Бислимовски тоа го направил, но наместо во јануари 2024-та, година и пол подоцна односно во април 2025 година.

  • .. донел незаконско Решение за прекин на постапката и наместо лиценцата да биде одземена на 15.01.2024 година, истата е одземена дури на 14.04.2025 година, со што ѝ овозможил на компанијата противзаконски да продолжи со вршење на енергетска дејност 15 месеци по истекот на законските услови и да учествува и да склучува договори по однос на јавни набавки. Со горенаведените дејствија, пријавениот ги повредил прописите кои бил должен да ги спроведува и му овозможил на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје да оствари вкупен промет во висина од 194.520.962,00 денари и да се стекне со противправна имотна корист во износ од 14.093.576 денари“ стои во кривичната пријава.

Од Регулаторната комисија тврдат дека лиценцата била одземена во законскиот рок и велат дека се отворени за соработка со истражните институции.

  • РКЕ ја информира јавноста дека во конкретниот случај за постапката за одземање на лиценца на Тритерол Петрол е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, со тоа што на ист начин и во исти рокови е постапено и за други компании баратели на лиценци. РКЕ нема да коментира детали со цел да остави институциите на системот професионално да си ја вршат работата“ велат од РКЕ.

Скопската фирма „Тритерол Петрол“ за трговија со нафта е позната во јавноста. Нејзин сопственик е Љупчо Пецов Ѓаволот, а директор е Зоранчо Ангелов. За нив досега Финансиската полиција има поднесено две кривични пријави, една за даночна измама и затајување данок со што го оштетиле буџетот за над 90 илјади евра. Втората пак од ноевмри 2025 повторно е за Пецов Ѓаволот и Ангелов кои се товарат за фалсификувани банкарски гаранции со кои успеале да добијат 19 јавни набавки и да се стекнат со незаконска корист од без малку 1 милион евра.

Реклама

Љупчо Пецов Ѓаволот, по две години во бегство во декември се предадал на органите на прогонот како осомничен во случајот „Синџир“ за милионските злоупотреби во Управата за јавни приходи поврзани со затајување данок.