Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Филмска недела и традиционални работилници по повод Денот на јапонската култура

Јапонската амбасада во земјава, Кинотеката на Македонија и Центарот за култура во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јапонската амбасада во земјава, Кинотеката на Македонија и Центарот за култура во Битола ќе го одбележат Денот на културата на Јапонија со 19. издание на Неделата на јапонски филм, како и со работилници за оригами и традиционалниот јапонски чај.

Денот на културата во Јапонија, познат како „Bunka no Hi“, се одбележува секоја година на 3 ноември, во чест на слободата и мирот, како и со цел промовирање на културата, уметноста и науката.

Програмата ќе почне на 4 ноември, во 19 часот, во Кинотеката во Скопје, каде што амбасадорот на Јапонија, Кавахара, ќе го отвори 19. издание на Неделата на јапонски филм. Публиката ќе има можност да погледне разновиден избор на современи јапонски филмови.

Реклама

Два од филмовите од програмата ќе бидат прикажани на 11 ноември во Центарот за култура во Битола. На истата локација, Амбасадата ќе организира и работилница за оригами, која ќе ја води Јошио Којама, предавач по јапонски јазик.

Одбележувањето ќе продолжи на 13 ноември на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Јапонската фондација од Будимпешта ќе организира предавање и работилница за сенча – традиционален јапонски чај, кои ќе ги води Курита Јунко, специјалист за јапонски чај.

Денот на културата е национален празник во Јапонија, кога многу музеи се отворени за посетители и нудат бесплатен влез. Во периодот околу 3 ноември низ земјата се организираат бројни фестивали и настани за промоција на уметноста и културата, а јавни и приватни организации доделуваат признанија во различни области.

Централна свеченост е церемонијата во Империјалната палата во Токио, на која се доделува Орденот за култура. Признанијата лично ги врачува царот на поединци кои дале исклучителен придонес во науката, уметноста или културата.