Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Филков: Транспарентност и одговорност како темел на ефикасно судство

Јасни критериуми за избор и унапредување, но и за дисциплинска одговорност е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јасни критериуми за избор и унапредување, но и за дисциплинска одговорност е меѓу најважните предуслови за ефикасен судски систем. Министерот Филков ги образложи законските решенија кои предвидуваат обезбедување на целосна независност и зголемување на ефикасноста на правосудството. 

„Предвидена е ѝ итна постапка за утврдување одговорност на судија или претседател на суд, која не може да трае подолго од шест месеци“, изјави Игор Филков министер за правда.

На последната седница Владата го усвои новиот Закон за Советот на јавни обвинители, а Филков очекува истиот да биде прифатен и од пратениците во Собранието.  Унапредувањата ќе бидат според заслуги, а со законското решние се прецизираат и роковите за постапките.

Реклама

„Воведуваме јасен мерит-систем за избор, унапредување и оценување на јавните обвинители. Предвидуваме прецизни  основи за престанок на функцијата вклучително и во случаи на правосилна осуда за кривично дело“, изјави Игор Филков, министер за правда.

За директорката на Академијата за судии и јавни обвинители непристрасноста и интегритетот при носењето на одлуки на судиите и јавните обвинители се суштински за заштита на владеењето на правото, но, неопходни се соодвени обуки и финансиска поддршка.

„Конитнуираната едукација ги јакне професионалните капацитети на судиите и обвинителите и ја намалува подложноста на надворешни влијанија“, изјави Ирина Трајкоска Стрезовски – директорката на Академијата за судии и јавни обвинители.

Заменик-претседателката на Советот на јавни обвинители, Марјана Илиеска, истакна дека државата презема чекори за реформирање на Советот, особено во делот на изборот на јавни обвинители, со цел исполнување на европските стандарди, а Анастасовска од Судскиот совет, додаде дека новиот Закон нуди рамка за подобрување на процесите.

„Во законот се инкорпонирани сите препораки и поголемиот дел од препораките на Оценската мисија, се потрудил да ги следи стандардите на советот на европа мислењата на Венецијснската комисија“, изјави Сузана Јошевска Анастасовска – член на судски совет на Македонија.

Измените  според Филков се резултат на констатирани слабости во правосудниот систем во изминатиот период, како што се долготрајни постапки, случаи на корупција, недоволна транспарентност и отсуство на ефективна одговорност.