Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Филков: Нацрт-законот за пробација воспоставува поефикасен и поправеден систем

Со Законот за пробација, воспоставуваме посовремена, поефикасна и поправедна рамка за третман…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со Законот за пробација, воспоставуваме посовремена, поефикасна и поправедна рамка за третман на лицата кои се опфатени со пробациски мерки. Се зајакнува улогата на пробациската служба и се унапредува организациската поставеност на системот за извршување на санкции, истакна министерот за правда Игор Филков на денешната јавна расправа во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Јавната расправа се одржа по Нацрт-предлогот на Законот за пробација, во организација на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, Центарот за стратешки истражувања при МАНУ и Македонското пенолошко друштво.

Филков истакна дека во новата правна рамка се вградуваат високи стандарди за човековите права.

Реклама

– Принципите опфаќаат заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување. Јасна недискриминациска рамка, заштита на личните податоци и доследна примена на презумпција на невиност во фазите на постапување. Воведена е и родова сензитивна терминологија, како и проширена листа на основи за еднаков третман, со што се зајакнуваат вредностите на еднаквост и правичност во целиот систем – рече Филков.

Тој посочи дека законот воведува единствен електронски регистар за пробациските предмети, проценка на ризик во текот на кривичната постапка по барање на суд или јавен обвинител, како и високи стандарди за заштита на човековите права. Посебен акцент, како што нагласи, се става и на заштитата на жртвите на кривични дела, преку конкретни обврски за пробациската служба и механизми за нивно навремено информирање и заштита.

null

Академик Владо Камбовски истакна дека Законот за пробација е во финална фаза на подготовка и претставува составен дел од пошироката реформа на казненото право.

Тој нагласи дека реформскиот процес опфаќа и донесување нов Кривичен законик, нов Закон за кривична постапка и нов Закон за извршување на кривичните санкции, како дел од напорите за хармонизација на правниот систем со правото на Европската Унија.

– Во оваа фаза на проектот главна тема, главен предмет е владеењето на правото и судските реформи и борбата против корупцијата и другите значајни реформски чекори што треба да бидат направени на патот на евроинтеграцијата на нашата земја – порача Камбовски.

null

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, пак, посочи дека новиот закон е резултат на потребата за унапредување на постојното решение донесено во 2015 година, при што реалната примена на пробацијата започнала во периодот 2019–2020 година.

– Пробацијата е една од најважните алтернативни мерки во правосудниот систем. Во изминатите неполни две години вложивме сериозни напори да ѝ дадеме поголем акцент, особено преку едукација на судиите, кои имаат клучна улога во нејзината примена – рече Пандов.

Тој информираше дека бројот на активни случаи во пробацијата е зголемен од околу 800 на над 1.000, а во земјава функционираат 11 пробациски канцеларии со 28/29 обучени пробациски службеници.