Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Филипче за законот за „Безбеден град“: Нашиот глас ќе го кажеме во Собранието, има две битни работи за коишто треба да се дебатира

Законот за „Безбеден град“, со кој се регулира еден многу значаен дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Законот за „Безбеден град“, со кој се регулира еден многу значаен дел од сообраќајот со кој се намалува ризикот од несреќи, апсолутно во тој дел го поддржуваме, вели лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче, нагласувајќи дека има две битни работи за коишто треба да се зборува – за висината на казните и за тоа што и кој ги контролира огромната количина на податоци, кои системот ги собира.

Прашан дали СДСМ ќе даде поддршка за измените на Законот за прекршоци, по кои расправата во Собранието веќе е завршена, Филипче рече дека ставот ќе го кажат на собраниска седница, нагласувајќи дека овие две работи не може туку така да поминат.

– Станува збор во моментов  за власт  на ВМРО-ДПМНЕ, којашто има историја на злоупотреба на служби за безбедност, пратење и прислушкување на огромен број на граѓани. Не сме комотни да туку така, тој дел помине без дискусија. Се сомневаме дека можат тие податоци да ги злоупотребуваат за нивни тесни партиски цели. Така што, ќе се дебатира во Собранието за овие две работи, изјави Филипче.

Реклама

Прашан за реформските закони во Собрание и дали координаторот на СДСМ ќе се приклучи, Филипче, рече дека за се што е процес во Собранието и е дел од регуларна комуникација, апсолутно ќе бидат дел од тие процеси.

– Ние, нашиот глас секако дека ќе го кажеме во Собранието, ама да даваме легитимитет на ваква власт за да има повторно само лажна најава дека спроведуваат некакви реформи, како што беше после мојата средба со Мицкоски, едноставно не може да им се верува, изјави Филипче.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: