Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

Филипче: Вечерва ќе побарам да се повлечат членовите на ИО, новите членови ќе бидат избрани за две недели

Лидерот на СДСМ Венко Филипче вечерва на седница на Извршниот одбор ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на СДСМ Венко Филипче вечерва на седница на Извршниот одбор ќе побара сите членови на раководството и на Извршниот одбор да се повлечат, а новото раководство ќе биде избрано во следните две недели. 

Филипче вечерва во гостувањето на една од националните телевизии изјави дека ќе се бараат најдобрите луѓе кои имаат капацитет да ја спроведат партиската програма. 

– Вечерва имаме закажано состанок на Извршниот одбор на кој ќе побарам сите членови на раководството и на Извршниот одбор да се повлечат и на еден од следните состаноци на Централниот одбор, којшто ќе се одржи во следните две недели, ќе се избере новото раководство на партијата и новиот состав на Извршниот одбор. Ги бараме најдобрите луѓе, луѓе кои имаат најдобар капацитет за да ја спроведат програмата којашто сметам дека граѓаните ја заслужуваат, рече Филипче.

Реклама

Филипче рече дека не сака да шпекулира со имиња но појасни дека не станува збор за целосна смена, туку за парцијално освежување на тимовите и во делот на раководството на партијата на ниво на потпретседатели и во делот на Извршниот одбор.

Резултатот од локалните избори, како што рече. е мотив за напорна и  интензивна работа во следниот период и најави активна теренска активност.

– Имаме тимови коишто ќе се впуштат во силна и многу интензивна теренска работа. Ќе се впуштат во изнаоѓање на нови членови коишто практично ќе знаат премин на генерациите во СДСМ од една во друга генерација, нова сила, нова енергија, рече Филипче.