Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Филипче уште пожестоко удира по ТВ Алфа: Ќе сме одговарале, наш новнар лично ќе му се извинувал

Венко Филипче со закани за затворање медиуми кога ќе дошол на власт,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче со закани за затворање медиуми кога ќе дошол на власт, но сега и новинари кои според него ќе му се извинувале, ако ја има моќта во раце. Директно му порача на новинарот на ТВ Алфа дека лично ќе му се извинувал. Покрај тоа повторно говореше и за некакво ослободување.

-И вие ќе се извинувате што ме клеветевте дека имам куќа во Нерези, вие лично и ќе ве ослободам, му порача Филипче на новинарот Матеја Петровски.

Уште на почеток на пресот, Филипче не сакаше воопшто да одговори на прашањето на ТВ Алфа, повторно „удри“ со навреди .

Реклама

-(Господине Филипче…) Чекајте полека полека, фејк њуз на крај…, порача Филипче навредливо кон Алфа

А кога дојде редот сепак да поставиме прашање, воопшто не одговори конкретно: дали според него Бугарите биле фашистички окупатор или адмнистратор, како што претходно имаше кажано неговиот близок пријател Зоран Заев.

-(Прво е целосно контра европските вредности, на кои е повикувате цело време, да етикитарите медиуми, што го правите цело време, а сега може да го поставам моето прашање: Пред два дена се одбележа денот на победата над фашизмот, според вас тогаш кога се ослободиле од фашизмот, Македонците се бореле против бугарскиот фашистички окупатор или бугарскиот администратор, како што имавме слушнато во минатото?) Прво јас не етикетирам медиуми, етикетирам пропаганда, црна гебелсова пропаганда, на која што после освјувањето на власта, кога власта ќе се врати во рацете на граѓаните на таа пропаганда ќе и дојде крај, изјави Филипче.

Побаравме да се дообјасни дали ова е отворена закана кон ТВ Алфа, дека ќе ја затвори ако некогаш ја има таа моќ, повторно не конкретизираше.

-(На прашањата не ми одговоривте, дали ова да го почуствувам како закана лично кн мене и кон медиум, доколку ја имате моќта во рацете дека ќе го затворите медиумот?)Ви одоговорив, повелете…, изјави Филипче.

Инаку, СДСМ пред неколку дена најавија дека ќе поднесат кривична пријава против Алфа, поради објавување на златната виза на Венко Филипче, која ја добивме од свиркачи. Индиректно признавајќи ја автентичноста на документите, порачаа дека ако била оригинал, кривичната ќе била за објавување на лични податоци. Тоа е и помалку чудно, бидејќи се што треба да биде сокриено согласно законот беше. А самите објавени документи се и според правилата на јавниот интерес, бидејќи Филипче е претседател на партија, која самиот си ја прогласува за најголема опозициска, како и поранешен министер. На крајот го прашавме до каде е кривичната против Алфа, и тоа помина без конкретен одговор.  

-(На двете прашања не одговоривте, до кај кривичната пријава за Алфа уште?) Ќе стигне, ќе ви кажат правниците…, заврши Филипче.

Матеја Петровски