Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Филипче: Томче Христовски од Крушево направи светски спортски и туристички центар, затоа ќе победи

На граѓанска трибина во Крушево, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На граѓанска трибина во Крушево, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче ја најави победата на кандидатот на СДСМ во Крушево, Томе Христоски, кој во изминатите два мандати, како што рече, го претворил Крушево во вистински пример за локален развој и функционална општина.

-Томче успеа да го направи тоа што пред повеќе години изгледаше дека е невозможно, Крушево на светската спортска и туристичка мапа. Покажа што значи да се биде градоначалник за граѓаните. Затоа е и два мандати, а ќе има и трет мандат. СДСМ ќе има победа во Крушево, Томе повторно ќе биде тука за вас, крушевчани – со отворени врати за секој ваш проблем и за сè што значи подобра, поуредена и пофункционална општина, порача Филипче.

Во обраќањето пред граѓаните, Филипче нагласи дека Крушево денес е препознатлив бренд на развој, чиста животна средина, култура и туризам, благодарение на 68 реализирани капитални и локални проекти во изминатите осум години.

Реклама

Како што кажа, развојот на Крушево продолжува со четиригодишната програма на кандидатот Томе Христовски, развојот на Крушево.    

-Крушево ќе продолжи да живее од туризмот и овие политики за развој на турзимот ќе продолжат. Во Програмата за Крушево се содржани инфраструктурни инвестиции во обрзованието, во спортот. Ќе има ново полетувалиште „Црн Врв“ со два терени за параглајдинг и нови планински и велосипедски патеки со дигитална мапа. Поддршка ќе за ранливите категории, за изнемоштени лица. И уште многу проекти за вас граѓаните, рече Филипче.

Лидерот на СДСМ нагласи дека за 8 години во Крушево се  реализирани 68 капитални и локални проекти од страна на локалната власт и градоначалникот од СДСМ, Томе Христовски, и оти тоа е пример за општина која е сервис на граѓаните.

-За 8 години, реализирани се значајни проекти во сите области – водоснабдување, инфраструктура, реконструкција на училишта и градинки, субвенции за средношколци, развој на туризам, проекти за чиста животна средина и подобрени комунални услуги, рехабилитација и асфалтирање на патишта и улици, реновирање на спортски сали и изградба на игралишта – сето тоа го подобри квалитетот на живот и го издигна Крушево, рече Филипче.

Меѓу многуте реализирани проекти како што кажа Филипче е и модернизираното и проширено Полетувалиштето кое туристичка атракција, комплетно модернизирано улично осветлување, изградбата на нови резервоари, нови пумпни станици, заменета  водоводната мрежа, домаќинства се приклучени на нови системи, и уште многу други капитални проекти.