Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Филипче: Средбата со Мицкоски беше конструктивна

Во Владата заврши средбата меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозицијата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Владата заврши средбата меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозицијата, Венко Филипче.

По состанокот, Филипче изјави дека разговорот бил конструктивен и дека се договориле да формираат работни групи кои ќе работат на реформите во правосудството, енергетиката и здравството.

„Имавме навистина конструктивен состанок. Договоривме да формираме работни тела за спроведување на реформската агенда, која ќе вклучува закони во правосудството, енергетиката, како и стратешките движења во здравството. Ова беше почетен состанок, да видиме каква ќе биде методологијата“, изјави Филипче.

Реклама

Тој додаде дека не е договорена следна средба, но дека ќе бидат делегирани стручни лица од области како енергетика и правосудство. Очекува сите политички партии да се вклучат во дискусијата за овие теми.

„Разговаравме за Евроинтеграциите, имаме различни позиции, а за ова ќе продолжиме да разговараме“, рече Филипче.

Според него, следниот логичен чекор е лидерска средба, но не соопшти кога точно ќе се одржи следната средба со премиерот.