Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Филипче: СДСМ го поддржува протестот на ССМ

СДСМ донесе став да се поддржи денешниот протест на ССМ и барањата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ донесе став да се поддржи денешниот протест на ССМ и барањата кои работниците ги имаат до Владата. Но, како што истакна лидерот на СДСМ, Венко Филипче организирана партиска поддршка нема да дадат.

– Сметам дека барањата се реални, дека се објективни, дека поголема плата е заслужена и вистински потребна за преживување на работничките семејства во државата. Јас жалам што завршија добрите пракси од минатото од времите на Владите на Социјадемокртаскиот сојуз на Македонија, кога во контиунитет растеа и минималната и просечната плата. Минималната се дуплираше, скоро се дуплираше просечната плата и тоа во време на најголеми кризи, кога светот немаше видено тогаш, Ковид, енергетската криза, вели Филипче. 

Тој додаде дека тоа е резултат на едно добро водена политика во државата, кога какошто рече во државата имаше и добра реализација на капитални инвестиции, странски инвестиции. 

Реклама

 -Сето тоа во оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН навистина го нема. Лошо функционира, едноставно сме соочени со ситуација, во ккојашто се што Владата прави е нови, нови задолжувања, кои ќе ги враќаат следните генерации. Максимална поддршка за денешниот протест. Жалам што пред неколку месеци оваа власт не го поддржа за зголемување на минималната плата. Ние ќе продолжиме и понатаму во следниот период да изнаоѓаме, предлагаме законски решенија, со што ќе го подобриме стандардот на граѓаните, вели Филипче. 

Прашан дали вечерва ќе биде на протестот, кој го организира Сојузот на синдикатите на Македонија, Филипче со одговор дека организрана партиска поддршка нема да дадат.

-Добро сигурно ќе излезат наши членови коишто се дел од синдикатот. Но, ние организирана партиска поддршка со цел да се поддржи во таа смисла протестот не даваме. Ниту сметаме дека треба да се даде. Треба да е тоа автентично излегување на улица, исто какошто е автентично излегување на организацијата, за којашто ја немаме никаква улога, вели Филипче. 

На прашањето дека сега како партија ги поддржуваат барањата на синдикатите, а кога биле на власт СДСМ не ги поддржувале и од каде сега оваа промена околу ставот за минималната плата, Филипче со одговор дека во времето на СДСМ платите растеле и тоа во време на најголемите кризи. Порача дека гласот на работниците и на синдикатите треба да се слушне и Владата да ги прифати нивните барања.