Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Филипче: Реформи нема, извештајот е еден од најлошите кои Македонија го добила

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и лидер на СДСМ Венко Филипче,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и лидер на СДСМ Венко Филипче, на денешната заедничка седница на НСЕ и Комисијата за европски прашања на која беше разгледан последниот извештај на Европската комисија за земјава, упати критики за состојбата со реформите и европскиот пат на државата, нагласувајќи дека Македонија стои во место, а Владата нема политичка волја за суштински реформи.

-Овој извештај јасно кажува дека реформи нема, го губиме времето. Ова е еден од најлошите извештаи кои што државата го добила. Полош е само тој во 2015 година, кога сме оценети како заробена држава, рече Филипче.

Тој истакна дека нема напредок во клучни области и дека државата ризикува нови услови за отворање на преговорите.

Реклама

-Нема напредок во клучните области. Од тука се гледа дека оваа влада нема политичка волја да ги направи реформите, жалам што денеска слушам, дека денеска и овој период не бил време за реформи. Ако до минатата година имаше само еден услов, после еден таков извештај, не сум сигурен дека понатаму нема да имаме и други услови, додаде Филипче.

Филипче ги истакна забелешките на Европската комисија за правосудството, борбата против корупцијата, медиумските реформи, економијата и образованието, сектори во кои, според ЕК, нема напредок или е забележано назадување.

-И сега трендовите не се поразлични. Владата се обидува да ги покрие и да врши влијание на сите независни институции што се надвор од извршната власт. Најмногу, најсилно на судската власт, јавен и јасен притисок што за првпат предизвика од 1991 година јасна реакција од судската фела, преседан, би рекол општествен, не само во државата, рече тој.

Тој на седницата посочи дека забелешките на Европската комисија укажуваат на сериозни слабости во економското управување и неспроведувањето на неопходните реформи и предупреди на сериозноста на укажувањата на ЕК во делот на економските политики.

-Во тој дел Европската комисија утврдува дека владата нема напредок во клучните реформи поврзани со економските критериуми. Доцни со плановите за фискална консолидација, ги одложи сите планови за имплементација на Закон за органски буџет, кој требаше да започне во 2025 година, рече Филипче.

На седницата, Филипче посочи дека Владата не изразила интерес за последната транша од макрофинансиската поддршка од ЕУ, која е поврзана со правење неопходни реформи, а претставува неповратна финансиска помош.