Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Прилози

Филипче продолжува да обвинува, ВМРО ДПМНЕ објави документ дека тој во 2018 гласал за прифатен центар за мигранти

Фантом темата „Мигранти во Македонија“ и понатаму останува да биде главниот адут…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фантом темата „Мигранти во Македонија“ и понатаму останува да биде главниот адут на СДСМ за повик на протести и политички обвинувања.  Додека лидерот на опозициската партија се однесува како да не гледал вести и  секој ден ги поставува истите прашања, од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека  всушност владата на Заев во 2018 донела одлука да се гради центар за странци среде Бардовци. Потпис ставил и тогашнот министер за здравство, а сегашен лидер на СДСМ Венко Филипче. Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Миле Лефков посочи дека постои владина одлука од 2018-та објавена во Службен весник за изградба на прифатен центар. Но, како што информираат од ВМРО ДПМНЕ, пред седум години токму тие и жителите на Бардовци спречиле да се гради ваков камп.

Венко Филипче повторно тврди дека во земјава ќе бидат депортирани мигранти со амин од Владата. Тој по одржувањето на пресконференцијата избега од новинарски прашања и не одговори зошто гласал за изградба на камп во Бардовци. Повторно ги бараше истите одговори, иако доби одговор директно од премиерот. Мицкоски порача ако Филипче најде еден мигрант во земјава , ќе си оди од политиката, во спротивно СДСМ треба да се извинат. . Филипче тврди дека мигрантите ќе дошле во јуни, а ВМРО-ДПМНЕ сакале претходно да организираат предвремени избори.

Изминативе денови, демант за мигрантите стигна од цел државен врв. Премиерот, министрите Панче Тошпковски, Стефан Андоновски, дури и шефицата на државата Гордана Сиљановска Давкова изјавија дека такво нешто нема да се случи. Претседателката Давкова била лично информирана од британскиот амбасадор дека нема да се носат мигранти во Македонија.